Дома Македонски спорт Мак ракомет Е.Пелистер го победи Вардар, но титулата е далеку од Битола!

Е.Пелистер го победи Вардар, но титулата е далеку од Битола!

Е.Пелистер денес конечно го победи Вардар сезонава, Битолчани на домашен терен славеа со 29:25, но тоа веројатно нема да им биде доволно за титулата во домашниот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако Вардар не киксне до крајот на првенството титулата ќе остане во Скопје. После девет кола во плеј-офот Вардар првпат е поразен и двата тима имаат еднаков број на победи, но Вардар е подобар во меѓусебниот дуел.

Тешко можеше да се поверува дека Е.Пелистер може да слави со девет или барем осум гола разлика, но тоа изгледаше дека е можно кога во 51. минута водеа со 24:19. Но, таа предност од пет разлика беше најголемата до која стигна битолскиот тим.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…