Дома Останати Кошарка Евробаскет Ефес во четвртфинале, остана уште едно место – Ѕвезда или Дарушафака?

Ефес во четвртфинале, остана уште едно место – Ѕвезда или Дарушафака?

Кошаркарите на Ефес обезбедија место во плеј-офот на Евролигата. Во големото истанбулско дерби, во домашна сала, ги совладаа Фенербахче со 80:77, во натпреварот од 28-то коло од елитното европско кошаркарско натпреварување.

За Ефес ова беше 16-та победа во Евролигата, додека екипата на Жељко Обрадовиќ го запиша 11-от пораз. Остана да се види кому ќе му припадне осмиот билет за четвртфиналето, а за истиот се борат Ѕвезда и Дарушафака.

Синоќешниот дуел меѓу Ефес и Фенер го одбележа и враќањето на терен на Богдан Богдановиќ после повредата. Притоа, не ни беше најавен за овој натпревар.

Домашната екипа водеше во текот на целиот натпревар, а во еден момент беше дури 17 разлика за Ефес. Сепак, со влегувањето на Богдановиќ на паркетот во второто полувреме, Канаринците опасно се приближија во резултатот.

Заиграа цврсто во одбрана, дојдоа до 78:76, а потоа, 36 секунди пред крајот, имаа напад за израмнување или водство. Сепак, Богдановиќ не беше прецизен во обидот за три поени, а Калиниќ направи фаул, додека Тајлер Ханикат ги погоди двата „пенали“. Потоа и Диксон промаши за три поени и продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…