Дома Фудбал Италија Еуфорија кај „росонерите“: Милан добил 200.000 барања за билети за мечот со Аталанта

Еуфорија кај „росонерите“: Милан добил 200.000 барања за билети за мечот со Аталанта

Милан после повеќе години е блиску до освојување на Скудетото и неделниот меч против Аталанта ќе биде од клучно значење.

Тоа ќе биде последен меч на Милан оваа сезона игран на „Сан Сиро“, а клубот денес објави неверојатни бројки за побарување на билети.

„Сан Сиро“ од поодамна е распродаден, капацитетот е 80.000 гледачи, а од клубот потврдија дека добиле 200.000 барања за билет за мечот против Аталанта.

Кај навивачите владее голема еуфирија, и тоа цела сезона, а доказ за тоа е што Милан ја надмина бројката од 1 милион гледачи оваа сезона на сите домашни натпревари.

Тоа е импресивен податок ако се знае дека поголем дел од сезоната поради Ковид мерките стадионите беа само со 50% капацитет, потоа 75% и во последните два месеци капацитетот е 100%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…