Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона со Еурофарм Пелистер со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.
„Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, соопштија од битолскиот клуб.
Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.