Еурофарм Пелистер со 25-23 славеше на гостувањето кај Фредериција во меч од Лигата на шампионите, и конечно се израдува на триумф во елитното ракометно натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голманот Никола Митревски беше еден од главните актери во триумфот на нашиот тим во Данска, но и добрата игра во нападот во вториот дел. Во првото полувреме Фредериција имаше минимално водство, а на паузата замина со водство од 12-9 и тоа благодарение на една серија од 3-0 во финишот.
Во вториот дел Пелистер влезе со серија од 7-2, го презема водството и не го пушти до крајот. Највисоката предност беше четири гола, 21-17, а конечниот резултат 25-23.
Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на 20. ноември кога во Битола гостува токму Фредерција.