Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер го потврди трансферот на поранешниот вардарец!

Еурофарм Пелистер го потврди трансферот на поранешниот вардарец!

Ростерот за сезоната 2024/24 на Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за поранешниот вардарец, Илија Абутовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.

Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шартр.

Абутовиќ има европска клупска титула освоена со Вардар, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.

Абутовиќ во Битола ќе биде претставен на почетокот на подготовките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…