Некогаш еден од најдобрите напаѓачи на светот го раскина договорот со Анталиаспор, меѓутоа одлучи да остане во Турција и потпиша договор за Кониаспор, 12. клуб во својата досегашна професионална кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ето ќе заработува високи 2.500.000 евра по сезона, а со клубот потпиша двегодишен договор, со опција истиот да биде продолжен.
За кариерата на овој 37. годишен напаѓач не треба да трошиме зборови. Пред да дојде во Турција имаше прилика да игра за најголемите светски клубови како Барселона, Реал, Челси, Интер…