Дома Фудбал Англија Ерера го напушта Олд Трафорд и се сели во Париз

Ерера го напушта Олд Трафорд и се сели во Париз

Шпанскиот фудбалер Андер Ерера ги напушта редовите на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 29-годишен играч ќе го напушти Олд Трафорд како слободен играч, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот првак ПСЖ.

Како што пренесува Марка, Парижаните му понудиле договор на Ерера вреден 173.000 евра неделно, а тој наводно веќе одлучил кариерата да ја продолжи на Паркот на Принцевите.

Иако во англиските медиуми се пишуваше дека на Ерера ќе му биде понуден нов договор, тоа на крајот не се случи.

Шпанецот ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед, а кариерата ќе ја продолжи во уште еден европски великан и наскоро би требало да биде представен како ново засилување на Светците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезди на Челси наместо на Мундијал се најдоа во улога во новиот филм на Мадона

Се случи нешто што малкумина го очекуваа – играчите на Челси, Кол Пaлмер и Жоао Педр…