Тимот на Емполи успеа да направи голем пресврт и да ја победи Фиорентина со 2:1 во рамките од 14. коло во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фиорентина имаше предност со голот на одличниот Душан Влаховиќ во 57. минута кој ја продолжи својата гол-серија. Изгледаше дека „виолетовите“ ќе дојдат до победата, но тоа не се случи.
Емполи ги скористи своите одлични три минути и во 87. и 90. минута постигнаа два гола за целосен пресврт. Стрелци на головите за Емполи беа Бандинели и Пинамонти.
Во вториот натпревар во истиот термин Сампдорија со пресврт дојде до победа против Верона (3:1).