Дома Фудбал Емполи се засили од Милан

Емполи се засили од Милан

Новиот член на Серија А, Емполи се засили со искусниот Лука Антонели на три години.

Антонели има 31 година и игра на позицијата лев бек, а откако Милан му стави до знаење дека не смета на него, се одлучи за трансфер во Емполи.

Во новиот клуб доаѓа како слободен играч, откако неколку години помина во Милан.

„Им благодарам на сите во Милан, добив голема шанса, но време е да тргнам понатаму.“ – порача Антонели.

Во последната сезона одигра само 13 натпревари за Милан и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едниот има 35, другиот 19 години: Тандемот што го крена Брајтон до второто место

Паскал Грос го диктира ритамот, а Лука Вушковиќ ја зацврсти одбраната. Брајтон по 11 кола …