Некогашниот германски голман, Георг Кох во интервју за германските медиуми откри дека се бори со ракот на панкреасот кој е во терминална фаза, а докторите му кажале дека не му останува уште многу живот.
Германскиот чувар на мрежата кој бранеше во Кајзерслаутен и Динамо Загреб до минатата година работеше како тренер, но си замина од редовите на третолигашот Викторија Келн поради здравствената состојба.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сега во интервјуто за „Спор1“ тој не криеше дека е свесен за својата состојба, а напомена и дека ова е веројатно неговото последно интервју.
„Морам да ги држам емоциите под контрола. Целиот живот ми се промени по само три реченици. Знаев дека ќе треба да се борам, така е секогаш во мојот живот. Не можев да се откажам, никогаш не сум се откажувал во животот.
Има денови кога сум депресивен, има и денови кога корнам дрвја, тешко можам да објаснам. Не знам како ќе бидам утре. Некогаш сум расположен навечер, а потоа кога ќе станам едвај дишам. Докторите велат дека имама шест месеци живот. Поминав многу хемотерапии, добив и лек од САД. Ова е моето последно интервју“, изјави Кох.