Дома Фудбал Англија Емери замина, ништо не се промени: Арсенал повторно ги шокира фановите (видео)

Емери замина, ништо не се промени: Арсенал повторно ги шокира фановите (видео)

Арсенал и после тренерската смета продолжува со лошите резултати и вечерва им приреду уште едно разочарување на навивачите откако беше поразен од Брајтон на свој терен.

Иако „топџиите“ беа фаворити во овој дуел, сепак Брајтон уште од самиот старт најави дека е спремен да ја искористи кризата на противникот и поведе во 36-та минута со голот на Вебстер.

На самиот старт на второто полувреме Лаказет ја врати надежта кај навивачите откако го израмни резултатот,но тоа беше се што Арсенал направи на овој меч.

Храбрите гости успеаа да заминат со трите бода од Емирати откако во 80-та минута Муле го совлада Лено за конечни 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е реш…