Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Ејбар ремизираа со 2:2 во последното коло од Ла Лига и во рамки на мечот за простување на Фернандо Торес.
Во 35. минута, Ејбар поведе откако Кике погоди за 0:1, меѓутоа, Атлетико набрзо се врати во мечот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фернандо Торес во 42. минута ја искористи асистенцијата, па Дмитровиќ беше немоќен во ситуација против двајца играчи пред себе.
Торес во 60. минута повторно беше поуспешен од голманот на Ејбар во ситуација еден на еден, па погоди за 2:1.
Сепак, само три минути подоцна, Лукас Ернандес заработи втор жолт картон и автоматски црвен картон, па Ејбар имаше човек повеќе на теренот.
Играчката предност, гостите ја искористија во 70. минута откако Пенје ги постави конечните 2:2.