Дома Топ вести „Ел Класико“ пред одложување – еве на кој датум може да се одигра

„Ел Класико“ пред одложување – еве на кој датум може да се одигра

Барселона идната сабота, 26-ти октомври би требало да го пречека Реал, Но еден од најголемите натпревари скоро сигурно нема да се одигра на тој ден.

Против одигрувањето на супедербито се Сојузот, Ла Лига и Владата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски сојуз и Ла Лига не сакаат натпреварот да се игра во Барселона. Тој град како и целата Каталонија е парализиирана од големите протесети поради тоа што шпанскиот Врховен суд ги осуди на затворски казни организаторите на референдумот за независност на Каталонија кој се одржа пред две години.

Двете фудбалски институции на шпанскиот фудбал не дозволуваат во таква ситуација кога Каталонија е на нозе поради одлука од Мадрид да се игра „Ел Класико“ во Каталонија.

Барселона и Реал не сакаат да го заменат домаќинството.

Колку е ова сериозно зборува и тоа што Владата на Шпанија е против одигрувањето на „Ел Класико“ во Каталонија. Затоа Ла Лига предложи овој натпревар да се одигра во Мадрид, а следниот на „Камп Ноу“. Тој предлог беше одбиен и од Барса и од Реал.

Затоа најблиску сме до тоа да се одложи „Ел Класико“.

Новиот датум за овој натпревар ќе биде веројатно 18-ти ноември. Во Ла Лига не се најсреќни бидејќи станува збор за среда, но поради полниот распоред на двата клуба како и шпанскиот календар тој датум изгледа како најреален. Тој ден се играат натпревари од шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…