Дома Македонски спорт Мак фудбал Елмас пристигна во Истанбул – потпишува за Фенербахче

Елмас пристигна во Истанбул – потпишува за Фенербахче

Големиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Турција како играч на Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот репрезентативец од синоќа е во Истанбул, а денес треба да го комплетира трансферот и да стави потпис на договорот со Фенербахче.

„Многу сум среќен што ќе играм за Фенербахче. Тоа ќе биде одлично искуство за мене. Благодарност на мојот досегашен клуб Работнички за се што направи за мене. Сега тргнувам во поинакво искуство“, изјави Елмас.

17-годишниот Елмас беше дел од македонската репрезентација на ЕП за фудбалери до 21 година што во јуни се одржа во Полска, а има и официјален настап за сениорската репрезентација по што се стави крај на шпекулациите околу изборот на неговата репрезентативна иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …