Дома Топ вести Експлозија во Неапол: Артуро Видал фотографиран на аеродромот – Каподичино! (ФОТО)

Експлозија во Неапол: Артуро Видал фотографиран на аеродромот – Каподичино! (ФОТО)

vidal

Пристигнува првиот „поклон“ за Карло Анчелоти Барем ако судиме според фотографијата која утрово се појави на друштвените мрежи.

Откако вчера Карло Анчелоти беше и официјално претставен како нов тренер на Наполи, денес се појави фотографија која можеби го најавува и првото засилување за овој клуб и тоа не било кој!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Артуро Видал е фотографиран на аеродромот во Каподичино!

Чилеанецот се поврзува со Наполи уште од кога почна приказната за доаѓањето на Анчелоти. Како што пишуваат италијанските медиуми, договорот паднал на прошталниот натпревар на Андреа Пирло.

Анчелоти и Видал заедно соработуваа во Баерн, а Видал не крие дека Италија ја чуствува како свој дом уште од кога го носеше дресот на Јувентус. Сега би можел да пристигне како прв поклон за Анчелоти од газдата Де Лаурентис и како еден од главните адути во борбата за Скудетото со Јувентус наредната сезона.

Чилеанецот како што споменавме фотографиран е на аеродромот Каподичино во Неапол. Медиумите тврдат дека преговорите поминале одлично и дека разговорот започнал во вторникот на „Сан Сиро“ на прошталниот натпревар на Андреа Пирло од кој беа дел Анчелоти и Видал.

Покрај Видал со Наполи овие денови се поврзуваа имиња како: Руи Патрисио, Сусо, Карим Бензема, Томас Мение…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…