Дома Фудбал Италија Едни ги израдува, други ги разочара: Гасперини донел одлука за својата иднина

Едни ги израдува, други ги разочара: Гасперини донел одлука за својата иднина

Џанпјеро Гасперини оствари извонреден успех со Аталнта сезонава со која успеа да ја освои Лигата на Европа, а по финалето во Даблин зборуваше дека неговата иднина во Бергамо не е сигурна.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Искусниот стратег призна дека се наоѓа пред одлука и на интересен начин ја долови неговата ситуација зборувајќи дека се чувствува како во среќен брак, но во исто време запознал убава и атрактивна жена.

Во медиумите се пишуваше дека има понуда од Наполи, меѓутоа по три дена разговори Гасперини донел одлука.

Последните информациите од Италија говорат дека тој ќе остане тренер на тимот од Бергамо и во наредната сезона и тоа веќе му го потврдил на Антонио Перкази, првиот човек на Аталанта.

Ова исто така значи дека Наполи ќе мора да се насочи кон други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …