Дома Фудбал Една фотографија го расплака Киелини: Ова ќе натера на солзи многу навивачи на Јувентус 🎥

Една фотографија го расплака Киелини: Ова ќе натера на солзи многу навивачи на Јувентус 🎥

Италијанскиот репрезентативец Џорџо Киелини после 17 години си заминува од Јувентус и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во САД.

Киелини имаше голем успех во дресот на „старата дама“, а посебно ќе се памети периодот во кој играше во одбраната заедно со Буфон, Леонардо и Брѕаљи. Тоа беше четврока која му донесе голем број трофеи на Јувентус.

„Ова беше дел од историјата на Јувентус. Делевме се десет години, мислам дека со Џиџи играв најмногу, потоа со Леонардо, со Брѕаљи нешто помалку. Оваа фотографија ќе натера на солзи многу навивачи на Јувентус во наредните години“, изјави Киелини.

Киелини со Јувентус освои 20 трофеи, меѓутоа изостана Лигата на шампионите, натпреварување во кое играше две финалиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Киву подготвува промени: Еспозито во нападот, Проведел пред деби за Интер

Интер ја пречекува Фиорентина без Лаутаро Мартинез и уште четворица играчи, а Кристијан Ки…