Дома Фудбал Еден по еден, Аргентинците ја напуштаат репрезентацијата…

Еден по еден, Аргентинците ја напуштаат репрезентацијата…

Откако од репрезентацијата на Аргентина се прости Хавиер Маскерано, уште еден фудбалер на „гаучосите“ се одлучи на ваков потег.

Крај на репрезентативната кариера стави играчот за врска на Милан, Лукас Биља. Тој одлуката за напуштање на репрезентацијата ја соопшти после поразот од Франција (4:3) во осминафиналето.

„Време е да заминам. Доаѓа талентирана генерација и време е тие да ја превземат репрезентација“, изјави Биља после натпреварот.

Искусниот 32 годишен играч за врска на овој Мундијал настапи само на еден натпревар и тоа против Исланд каде што одигра 54 минута.

Вкупно за репрезентација настапи на 52 натпревари и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Реал пред „Ел Класико“: Куртоа отпадна, Лунин пред сезонско деби

Грипот го исфрли Тибо Куртоа од пресметката со Барселона, па Реал ќе мора да се потпре на …