Дома Останати Еден од најдобрите Словенци на Инстаграм: Доколку Германецот е во кругот тогаш нема пенал!? (Фото)

Еден од најдобрите Словенци на Инстаграм: Доколку Германецот е во кругот тогаш нема пенал!? (Фото)

Во ракометниот свет и понатаму главна теме е завршницата од натпреварот во „Арената Загреб“ помеѓу Словенија и Германија (25:25).

Словенците денес дури и испратија закана дека би можеле да го напуштат Европското првенството, а се споменува и жалба до Спортскиот арбитражен суд. Во последните секунди од натпреварот при водство на Словенија 25:24. Германија доби пенал бидејќи при изведувањето брз центар еден од словенските ракометари беше во кругот и му пречеше на изведувачот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ракометот го водат дебили! Направија циркус од овој спорт, па зошто не би направил и јас?“, беснееше словенскиот селектор, Веселин Вујовиќ кој пред пеналот на Германците направи шоу и застана на голот со цел да го брани спорно досудениот пенал.

Јуре Доленец, еден од најдобрите словенски ракометари смета дека судиите немале ист критериум. Имено, само неколку секунди пред спорниот детал Словенија изведуваше брз центар, а еден германски ракометар се наоѓаше во кругот на центарот.

„Не забележаа кој уште беше во кругот??? Да, тие ги прегледуваа само последните десет секунди“, коментираше Доленец на Инстаграм.

dolenec

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…