Дома Фудбал Англија Еден ден по отказот на Мурињо Манчестер Јунајтед вреди 120 милиони долари повеќе

Еден ден по отказот на Мурињо Манчестер Јунајтед вреди 120 милиони долари повеќе

Изгледа дека огромната сума од 26 милиони евра која Манчестер Јунајтед ќе мора да ја исплати на својот поранешен менаџер Жозе Мурињо на сопствениците нема толку тешко да им падне.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, денес пристигнува вест дека само еден ден после отказот на Мурињо на берзата во Њујорк вредноста на Манчестер Јунајтед се зголемила за 6%!

Со месеци наназад Манчестер Јунајтед забележуваше очајни резултати, па акциите на „црвените ѓаволи“ забележаа драстичен пад.

Според некои тврдења клубот изгубил околу милијарда долари бидејќи цената на една акција од 27.2 долари по акција паднала на 17.25 колку што изнесуваше изминатата недела.

Сепак, со заминувањето на Жозе Мурињо акциите на Манчестер Јунајтед повторно ја зголемиле својата вредност и клубот од „Олд Трафорд“ сега вреди 120 милиони долари повеќе отколку пред 24 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енрике размислува за иднината! ПСЖ најде засилување во Реал Мадрид

Додека ПСЖ се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде понатаму да го зајакне својо…