Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Европското првенство засега е во знак на – балканските тужби!

Европското првенство засега е во знак на – балканските тужби!

Европското првенство во Германија започна пред седум дена, а УЕФА имаше полни раце работа со оглед на бројот на тужби што против нив ги покренаа челниците на фудбалските сојузи во главно од Балканот.

Се започна на вториот ден од Еврото кога Фудбалскиот сојуз на Србија ги тужеше Албанците поради однесувањето на нивните навивачи на натпреварот против Италија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


УЕФА ја казни Албанија со 37.375 евра за палење пиротехнички средства, фрлање предмети на теренот, летање на теренот и прикажување провокативни пораки кои не се соодветни за спортски настан. Во конкретниот случај, провокативната порака беше карта на „Голема Албанија“.

Потоа, на натпреварот меѓу Србија и Англија, на трибините се појави транспарент со знамето на територијата на Косово и слоганот „Нема предавање“ и мапа на која Косово и Метохија се под српска територија.

Фудбалскиот сојуз на Косово веднаш поднесе жалба до УЕФА која го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со 14.500 евра.

Поради навредите на репрезентативецот Даку допис до УЕФА испрати и Фудбалската федерација на Македонија.

И додека УЕФА се уште ги истражува тие три извештаи за тоа што се случи на средбата Албанија – Хрватска, вчера доби уште една од Косово од каде што поднесоа нова тужба за Србија за натпреварот против Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…