Дома Македонски спорт Европски ракометен спектакл среде Скопје – дојдете и бидете поддршка за Македонија!

Европски ракометен спектакл среде Скопје – дојдете и бидете поддршка за Македонија!

Како ретко кога, Скопје овие денови ќе дише во духот на женскиот ракомет. Македонија после 14 години ќе игра на Европското првенство, а во Скопје ќе гостуваат селекциите од самиот ракометен врв.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прв противник на нашите девојки ќе биде Франција со кој играме утре, тоа е селекција која е фаворит за самата завршница на турнирот, потоа следува вториот фаворит во нашата група Холандија, а групната фаза ја завршуваме со Романија. Натпреварите се играат на петти, седми и деветти ноември, сите се од 18:00 часот.

Сигурно дека на селекторот Савевски и девојките ќе им значи поддршката, па затоа и треба да им ја дадеме.

„Да се пишува за победите и успесите на нашата репрезентација е чест и задоволство, а овој ракометен настан ќе биде вистински празник за љубителите на спортот!“, порачуваат од Ракометната федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …