Дома Фудбал Европскиот вицепрвак на суд бара правда против казната од ФИФА

Европскиот вицепрвак на суд бара правда против казната од ФИФА

Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид во понеделник ги изнесе своите докази пред Спортскиот суд во Лозана, со кои се надева дека ќе ја побие казната на ФИФА заради која на лето не смее да доведува нови фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА му забрани на Атлетико Мадрид доведување на играчи за време на изминатиот зимски преоден рок во јануари, како и претстојниот летен рок заради неправилности околу трансферот на малолетни фудбалери од 2007 до 2014 година.

Сослушувањето во понеделник траеше шест часа, а обете страни ги изнесоа своите верзии на настаните.

Судиите би требало конечната одлука да ја донесат до 1 јуни, кога започнува летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…