Дома Фудбал Еве чиј дрес ова лето е најпродаван на Островот: Кој е омилен во Премиер лигата?!

Еве чиј дрес ова лето е најпродаван на Островот: Кој е омилен во Премиер лигата?!

Доказ дека ПЛ е најпопуларната лига во светот, е и фактот дека маркетинг стратезите сериозно се занимаваат и со овие детали.

Според истражувањата, ова лето најпродаван дрес во ПЛ е оној на Пол Погба.

Сите знаеме колку Погба маркетиншки е исплатлив фудбалер и според познавањата на теренот, особено го ценат и оние кои заработуваат на неговиот бренд.

Тој ја „одбрани“ титулата, бидејќи неговиот дрес со број 6 беше најпродаван и изминатото лето, што тогаш беше и очекувано бидејќи штотуку пристигна како најголемо засилување во историјата во тој момент.

По Погба, по број на продадени дресови следи неговиот соиграч, Лукаку, трет е Еден Азар, а интересно е што на петото место е Маркус Рашфорд, зад Александар Лаказет.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…