Пред Европското првенство во 2021 година, Фудбалската федерација на Македонија промовираше дресови со кои Македонија требаше да игра на големиот настан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Но, тие дресови наидоа на остри критики во јавноста поради бордо бојата, па од федерацијата го повлекоа потегот и тие не беа дадени во употреба на репрезентативците.
Сепак, денес се користат и тоа во македонската трета лига. Тимот на Демир Хисар кој е дел од Трета лига југозапад ги користи овие дресови според објавите кои ги имаат на нивната Фејсбук страна.