Дома Фудбал Англија Евертон конечно најде тренер: Алардајс ќе ги води „карамелите“

Евертон конечно најде тренер: Алардајс ќе ги води „карамелите“

Раководството на Евертон долго време беше во потрага по нов тренер, после отказот на Роналд Куман, па денес конечно го соопштија новиот кормилар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Нов менаџер на Евертон ќе биде Сем Алардајс кој денес потпиша 18-месечен договор со „карамелите“.

„Евертон е уникатен клуб и се чувствувам почестен и полн со енергија што ќе бидам менаџер на ваков клуб. Очигледно е дека клубот помина низ тежок период, па ќе се потрудам тоа го пребродиме што е можно побрзо“, изјави Алардајс.

Алардајс има големо искуство во Премиер лигата каде во минатото ги предводеше Њукасл, Вест Хем, Сандерленд, Кристал Палас, а кратко време беше и селектор на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tажен крај: Салах веќе нема да игра за Ливерпул!

Директорот на фудбалската репрезентација на Египет ја потврди шпекулацијата што кружеше во…