Дома Ракомет Душебаев: Ако победивме во Скопје, не значи дека сега пак ќе победиме

Душебаев: Ако победивме во Скопје, не значи дека сега пак ќе победиме

Поранешниот ракометар на Вардар, Алекс Душебаев беше најдобар поединец кај Кјелце на мечот пред една недела во Скопје, а денес Вардар ќе гостува во Полска.

Кјелце е лидер во групата, но Вардар во Скопје покажа дека може да се надигрува, сепак недостасуваа одбраните на голманите за црвено-црните да направат изненадување. Душебаев знае дека ќе им биде тешко во новиот натпревар меѓутоа посакува победа и во овој натпревар.

„Во Скопје победивме, меѓутоа сега не чека различен натпревар и не можеме да кажеме дека пак ќе победиме. Од кога јас си заминав во Вардар многу работи се променија, сепак тимот го задржа карактерот, се бори до крај и имам респект кон нив. Нормално дека сакам пак да победиме“, изјави Душебаев.

Мечот Кјелце – Вардар се игра денес во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид со 16 гола разлика ја запиша шестата лигашка победа

Охрид го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 35:19, откако уште до одморот создаде двоцифрена п…