Дома Кошарка Дурант со големи пофалби за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите центри во НБА на сите времиња

Дурант со големи пофалби за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите центри во НБА на сите времиња

Денвер нагетс вчера славеше против Феникс санс со 125-100 и избори финале на Западната конференција, а повторно одличен меч одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Јокиќ во серијата против Феникс имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скокови и 10,2 асистенции и поради тоа Србинот доби комплимент од Кевин Дурант.

„Секогаш имав почит кон Јокиќ. Не сум изненаден од неговите настапи. Не можам да кажам дека дознав нешто ново за него. Денвер е одличен тим, има длабочина и многу играчи играат заедно со години. Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата“, кажа Дурант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал го врати Ендиаје, за Паркер се отвора врата кон Хувентуд?

Повредите го натераа Реал да ја прекине позајмицата на Ели Ендиаје, а промената во Хувенту…