Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска со нов светски рекорд го освои златниот медал во скок со стап на Светското првенство во Јуџин, САД.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Швеѓанецот прво со 6,06 го обезбеди златниот медал, а потоа во вториот обид скокна дури 6,21 метар, што е нов светски рекорд.
Овој 22-годишен Швеѓанец ја освои последната голема титула што му недостигаше, бидејќи веќе е европски шампион, олимписки шампион и светски шампион во сала.
Среброто му припадна на Американецот Кристофер Нилсен со 5,94 метри, а идентичен скок имаше Ернест Џон Обиен од Филипините, кој го освои бронзениот медал.