Дома Македонски спорт Дробњак: Многу го ценам Ѓорѓиев, но ова е нешто за кое се спремав 12 години

Дробњак: Многу го ценам Ѓорѓиев, но ова е нешто за кое се спремав 12 години

После осум воведни борби, Димитар Ѓорѓиев вечерва во Зворник против Никол Дробњак кој ќе се бори на домашен терен ќе се обиде да стигне до европската титула во „WAKO PRO” категоријата.

Дроњак пред борбата на вчерашните мерења (тука), покажа голем респект кон нашиот борец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу го ценам Ѓорѓиев и како борец и како човек, но јас 12 години се спремав за ова што ме чека утре (денес). Едноставно ова е меч кој не смеам да го изгубам. Појасот ќе остане во Звроник“, изјави самоуверено Дробњак пред вечерашната борба.

Вечерашниот настан започнува од 20:00 часот, а во живо ќе може да се следи на „Аrena Fight“ каналот. Своја борба на вечерашниот евент има и уште еден Македонец, Бобан Илиоски кој ќе се бори против Борна Манојловиќ. Настанот ќе може да се следи во живо и на „Аrena Fight“.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Охрид го обвини судијата Идризи за кражба: Најголемиот срам во македонскиот фудбал! 🎥

Денешниот натпревар од Втората македонска лига помеѓу Пелистер и Охрид го одлучи еден натп…