Дома Фудбал Дојде денот кој Барселона го чекаше скоро три години

Дојде денот кој Барселона го чекаше скоро три години

Турскиот фудбалер Арда Туран летото 2015. година пристигна како големо засилување во Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арда со Каталонците потпиша петгодишен договор, а поради суспензија за дебито чекаше четири месеци. Турчинот требаше да биде големо засилување, но на крајот се покажа како погрешна инвестиција.

Барселона на почетокот на 2018. година го испрати Арда на двегодишна позајмица во Башакшехир, а откако таа истече пред шест месеци тој се врати во Барселона.

Меѓутоа, Арда тренираше индивидуално бидејќи клубот не сакаше да има никаква поврзаност со првиот тим. Каталонците се обидоа во јануари да го испратат на позајмица или да го продадат, но за овој 33-годишен играч никој не беше заинтересиран.

Па така, Барселона шест месеци мораше на Арда да му дава плата иако тој престојуваше во Истанбул. Но, денеска конечно го дечекаа денот кој го чекаа скоро три години, а тоа значи дека Турчинот го напушта клубот.

Имено, на Арда денеска официјално му истече договорот со Барселона и сега е слободен играч. За Каталонците одигра 55 натпревари и постигна 15 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го плати 60 милиони евра: Сега повторно остана без клуб на 31 година

Фудбалските проблеми на Ентони Марсијал (30) достигнаа ново ниво откако францускиот напаѓа…