Дома Фудбал Останато Дојде да ги спаси од испаѓање, а им донесе трофеј: Човекот во тренерка кој направи чудо со Севиља

Дојде да ги спаси од испаѓање, а им донесе трофеј: Човекот во тренерка кој направи чудо со Севиља

Севиља по седми пат во својата историја ја освои Лигата на Европа, тие се клуб кој немаат загубено финале во ова натпреварување.

Во овогодинешното издание во Будимпешта беа подобри од Рома по изведувањето на пенали. Рома поведе со голот на Дибала, но потоа на почетокот од вториот дел Џанлука Манчини си постигна автогол.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Натпреварот го коментираше тренерот на Севиља Хозе Луис Мендилибар.

„Не знам како се чувствувам, не верувам дека ова се случи. Го добивме трофејот и медалите, па најверојатно победивме нели? Мислам дека дури на годишниот одмор ќе разбереме што направивме“, зборуваше со воодушевување стратегот.

Мендилибар беше доведен привремено на местото на Сампаоли за да го спаси тимот од катастрофа и испаѓање во понизок ранг, а два месеци подоцна 62-годишниот стратег го донесе трофејот од Лигата на Европа. Нема дилеми дека сака да остане и подолго.

„Да, сакам да остана во Севиља, тоа цело време го зборувам. Прекрасно ми е да работам со момците, брзо го применија мојот стил, ми дадоа навистина многу. Имаме добра заедница и би било лудост кога не би останал“, порача Мендилибар.

Единственото европско искуство на овој стратег беа два натпревари во Интертото куп во 2005 година со Атлетик Билбао каде што се задржа само четири месеци. Препознатлив е по тоа што секогаш на клупата е во тренерка.

„Без гламур навикна да ги води екипите, без припремни говори и софистицирани средства, за него фудбалот е нешто едноставно“, го опиша Ринкон, поранешен играч на Атлетик Билбао.

Најмногу се истакна во Еибар кој го водеше од 2015. до 2021 година. Во првата дебитнатска сезона во Примера успеа овој тим да го доведе до осмата позиција, а идната сезона и до четвртфиналето од купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…