Дома Фудбал Останато Доста беше одмор: Раниери на прагот на уште еден европски клуб, а со него пристигнува и Џон Тери?!

Доста беше одмор: Раниери на прагот на уште еден европски клуб, а со него пристигнува и Џон Тери?!

Клаудио Раниери, се чини нема долго да одмора од тренерската работа.

Искусниот италијански стратег е без ангажман откако во мај се разиде со Нант, а за првпат во тренерската кариера и сега би можел да работи во Португалија, поточно во тамошниот гигант Спортинг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Медиумите во Португалија пишуваат дека се ќе зависи од претстојните претседателски избори. Доколку клубот го преземе Мадеиро Родригез, првиот потег ќе му биде донесување на Раниери, кој зад себе има богато искуство.

Покрај Нант, низ досегашната кариера Раниери имаше шанса да работи во Фиорентина, Атлетико, Јувентус, Парма, Рома, Монако, Лестер. Еден од најголемите успеси секако му е сензационалното освојување на англиската Премиер лига со „Лисиците“.

Интересно, исто така, се наведува дека ако Раниери пристигне, клубот ќе се засили и со легендарниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…