Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ за историја: На вечната листа ги помина Лонзо Бол и Леброн Џејмс! (ВИДЕО)

Дончиќ за историја: На вечната листа ги помина Лонзо Бол и Леброн Џејмс! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ после исклучувањето и лошиот натпревар се врати на старите патеки и продолжи да ги воодушевува Американците.

Во поразот на неговиот Далас против Милвоки (106:116) не одигра сензационално, но успеа да се запише во НБА историјата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не беше најдобар на натпреварот, тоа признание му припадна на Антетокоумпо. Грчкиот кошаркар беше прв стрелец со 31 поен, ДеАндре Џордан беше најдобар скокаш (15 скокови), а додаде и пет асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=uCekeEBpwLQ

Дончиќ од друга страна беше најдобар стрелец на Далас со 18 поени, но со само 35% прецизен шут, шест погодени шутеви од игра од 17 обиди. Додаде 11 скокови, додека со 10 асистенции беше најдобар додавач.

Moментот за негова лична, но и историја за целата лига се случи на 5.35 секунди пред крајот кога Џордан го претвори додавањето на Дончиќ во поени и така му донесе пое 10 поени, скокови и асистенции.

Дончиќ така стана само вториот тинејџер во НБА лигата кој остварил трипл-дабол учинок на натпревар после Маркел Фулц.

Но, словенскиот новајчија на вечната најмлади играчи со трипл-дабл ги надмина Лонзо Бол (20 години и 15 дена) и Леброн Џејмс кој прв пат таков учинок во НБА имаше на 20 години и 20 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби: Еве што вели Леброн за Јокиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите во пресрет на натпрев…