Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ со трипл дабл и +40 во Мексико, Бостон првпат загуби дома, дабл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Дончиќ со трипл дабл и +40 во Мексико, Бостон првпат загуби дома, дабл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Во натпревар кој се играше во Мексико, Далас славеше против Детроит. Од самиот старт Мавси играа одлично, но во втората четвртина губеа со 51:58. Сепак, тогаш Пистонси застанаа и дозволија серија од 20:0 на Далас. Од тој момент Далас не им дозволи да се вратат во игра.

Фантастичен и оваа вечер одново беше Лука Дончиќ кој постигна 41 поен, што е за еден помалку од неговиот рекорд на кариерата од неодамна (42). Покрај поените Дончиќ додаде уште 12 скокови и 11 асистенции, Сет Кари уфрли 30, Кристап Порзингис 20 поени. Кај Детроит најрасположен беше Андре Драмонд со 23 поени.

Филаделфија на гости беше подобра од Бостон Селтикси. Во текот на целиот одличен беше Џоел Ембид. Мечот констатно беше во егал, Филаделфија успеа да направи разлика во финишот од натпреварот. Важни поени тогаш постигна Ембид, со тие поени Филаделфија дојде на девет поени разлика на две ипол минути до крајот. Селтикси не успеаа да се вратат и така го забележаа првиот пораз на домашен терен.

Ембид натпреварот го заврши со 38 поени и 13 скокови и за него ова беше најдобар натпревар сезонава. Кемба Вокер кај Бостон уфрли 29 поени, а Енес Кантер 20.

Денвер со 114:99 беше подобар од Портланд. По втор пат сезонава Денвер го совлада тимот кој минатата година ги исфрли од плеј-офот. Најефикасни кај Денвер беа Јокиќ и Грант со по 20 поени, српскиот кошаркар стигна и до дабл-дабл со 11 скокови и шест асистенции. Во редовите на Портланд Вајтсајд уфрли 33 поени со 11 скокови и две асистенции, го следеше Кармело Ентони со 20 поени, девет скока и една асистенција.

Во последниот натпревар после продолеженија Кливленд на гости славеше победа против Сан Антонио со 109:117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Елмас повторно во Турција и тоа во најголемиот ривал на Фенер?!

Ако им веруваме на турските медиуми Елиф Елмас во овој преоден рок би можел да се врати во…