Утре стартува Светското првенство во кошарка на кое најдобрите светски кошаркари ќе ги одмерат силите, а репрезентацијата на Словенија предводена од Лука Дончиќ доживеала непријатност пред почетокот на турнирот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Жителите на Окинава, како и туристите кои биле сместени таму утрово во четири часот биле разбудени со сирена која предупредува сите да се сокријат.
За среќа опасноста брзо поминала, причината бил неуспешниот обид на Северна Кореја да лансира шпионски сателит кој завршил во морето.
Дончиќ даде и изјава за медиумите во која ги опиша драматичните моменти.
„Беше навистина лудо. Мислев дека доаѓа ракет кон нас, се исплашив“, изјави Дончиќ.
Словенија на Мундобаскетот ја чекаат натпревари против Грузија, Венецуела и Зеленртските Острови.