Дома Останати Кошарка НБА „Дончиќ е прв или втор најдобар кошаркар во НБА“

„Дончиќ е прв или втор најдобар кошаркар во НБА“

Газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан уште еднаш покажа дека му верува на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

На прашањето каде би го сместил Дончиќ меѓу најдобрите во НБА-лигата, сопственикот на тимот имаше краток и јасен одговор.

„На првото или второто место. Толку е добар, а ова лето ќе додаде некои работи во својот репертоар, ќе се врати уште подобар“, кажа 63-годишниот газда на тимот.

Минатата сезона Дончиќ во просек постигнуваше по 28,4 поени, 9,1 скок и 8,7 асистенции, а Далас стигна до финалето на плејофот на Западната конференција.

Дончиќ ќе се приклучи на подготовки на репрезентацијата на Словенија на 10 август, а Евробаскетот ќе почне на 1 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ветеранот Блеј Грифин има нов клуб во НБА

 Ветеранот Блејк Грифин кој некогаш беше еден од најдобрите играчи во НБА лигата во новата…