Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на Далас Маверикс, но повторно и на болен начин беше поразен. Со кош од 20 метри и тоа со звукот на сирената.
На гостувањето кај Кливленд, Дончиќ повторно беше доминантен со 45 поени, 14 асистенции и девет скока, но неговиот тим загуби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На три секунди до крајот Словенецот му асистираше на Пи Џеј Вашингтон за забивање и евентуална победа, но не сметаа на тоа што ќе следи.
luka doncic is NOT HUMAN 🤯pic.twitter.com/JtPVeb7WKn
— Mark Jackson’s Burner (@casualtakeking) February 28, 2024
Luka Doncic steps back from DEEP for 27 PTS in the 1H 🤯
— NBA (@NBA) February 28, 2024
DAL-CLE | Live on the NBA App
📲 https://t.co/0RjiMb4EYH pic.twitter.com/g1fFuaaABX
Топката дојде до Макс Штрузе кој шутираше од 20 метри и погоди на неверојатен начин за огромното славје на навивачите на Кавс и практично на целата сала.
Дончиќ беше прв на дефанзивната линија, а одигра млака одбрана. По натпреварот тој самиот изјави дека е виновен за поразот.
HALF COURT GAME WINNER 😱
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 28, 2024
Max Strus ruined Luka Doncic’s 45PTS-9REB-14AST game
pic.twitter.com/4JLVbocjjg
„Неверојатен шут. Немам многу да кажам. Тоа беше моја грешка. Требаше да притиснам повеќе. Јас бев првиот што бранев, па затоа беше моја вина“, изјави Дончиќ.