Дома Топ вести Донарума: Јувентус? Јас го сакам Милан!

Донарума: Јувентус? Јас го сакам Милан!

Деновиве главна тема на Апенините е иднината на младиот голман на Милан, Џиџи Донарума за кого силен интерес покажува големиот ривал Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, покрај неколку европски гиганти, интерес за Донарума покажува и „старата дама“ бидејќи во него гледа легитимен наследник на Џиџи Буфон.

Поради тоа иднината на Донарума е главна тема во Италија, особено поради фактот што голманот сеуште нема 18 години и го нема продолжено договорот со Милан.

„Јас наследник на Буфон во Јувентус? Со Џиџи имам одличен однос во репрезентацијата, учам од него, а тој ми дава совети како на помал брат. Но јас веќе играм за топ клуб и не размислувам за ништо друго освен за Милан. Играње за Милан за мене е оставрување на сонот бидејќи јас од мал сум навивач на тој клуб“, јасен беше Донарума.

„Кориере дело Спорт“ денес тврди дека новото раководство на „росонерите“ по никоја цена не сака да го изгуби младиот голман и веќе спремиле мултимилионски договор кој Домарума треба да го потпише веднаш кога ќе стане полнолетен.

Инаку Донарума неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација, а синоќа против Германија го запиша вториот настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…