Дома Фудбал Италија Донарума: ПСЖ беше моја судбина, навивачите ме обвинуваат без да ја знаат другата страна

Донарума: ПСЖ беше моја судбина, навивачите ме обвинуваат без да ја знаат другата страна

Голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума уште еднаш се обиде да објасни дека тој не е виновен што заминал од Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Долго време Донарума беше во преговори со Милан, а на крајот откако не успеа да се договори премина во ПСЖ како слободен играч.

„Милан направи многу за мене и благодарен сум, таму се развив како човек и како фудбалер. Сите ме обвинуваат мене без да размислат од друга страна. Последниот повик кој го имав од Милан беше да ме известат дека потпишале со нов голман. Тука завршивме“.

„ПСЖ мислам дека беше моја судбина. Ме следеа долго време и секогаш ми ставаа до знаење дека се заинтересирани. Сите во клубот направија да се чувствувам важен од претседатело Ал Келаифи до директорот Леонардо. Среќен сум тука“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…