Дома Фудбал Донарума: Затварам очи и замислувам како Ибрахимовиќ го решава дербито

Донарума: Затварам очи и замислувам како Ибрахимовиќ го решава дербито

Во италијанската Серија А викендов ќе се игра 23. коло, а најголемо внимание привлекува натпреварот во Милано помеѓу Милан и Интер.

Градското дерби се игра во недела со почеток од 15:00 часот и победа може да донесе многу и за двата тима кои се во борба за пехарот. Голманот Џанлуиџи Донарума се надева дека дербито ќе биде решено од Ибрахимовиќ.

„Помина многу време од кога двата тима беа во ваква ситуација на табелата, возбудени сме и свесни дека мораме да одиграме одличен натпревар за да ги освоиме бодовите. Кога ќе ги затворам очите замислувам како Ибрахимовиќ го решава дербито“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…