Дома Фудбал Англија Докторот соопшти лоши вести: Кејн ќе биде надвор од терените шест месеци!?

Докторот соопшти лоши вести: Кејн ќе биде надвор од терените шест месеци!?

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн доживеа тешка повреда на задната ложа во натпреварот против Саутемптон, а минатата недела беше успешно опериран.

Иако на Кејн прво му се предвидуваше пауза од три месеци изгледа повредата е многу псериозна и Кејн нема долго да го гледаме на терените.

Докторот Крис Вилсон истакна дека Кејн надвор од терените ќе биде најмалку шест месеци.

„Веројатно ќе мора да паузира шест месеци. Постојат многу мислења, некои ќе ви кажат дека ќе се врати порано, но за тоа мораат да се поклопат некои работи. Шест недели ќе мора да мирува и да не прави напор на оперираниот дел, а после 12 недели ќе започне со работа на мускулите. Дури после три месеци започнува рехабилитацијата. На потребното ниво очекувам да биде за нешто помалку од шест месеци. Сметам дека ќе се врати во предсезоната. Ако се врати во април или мај тоа би ме изненадило“, истакна Вилсон.

Кејн оваа сезона на 25 натпревари постигна 17 голови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. М…