Дома Фудбал Доказ за формата: Сити на 24 меча не примил гол

Доказ за формата: Сити на 24 меча не примил гол

Манчестер Сити оваа сезона игра фантастично и е тимот со најдобра форма во најсилните европски првенства.

„Граѓаните“ на 24 меча оваа сезона не примиле гол, што е доказ за формата на тимот предводен од Гвардиола.

Само за споредба, во целата мината сезона Сити успеа да ја зачува мрежата на 23 меча.

Синоќешната победа против Мехенгладбах во ЛШ беше 24-от натпревар во кој „граѓаните“ не примија гол.

Манчестер Сити моментално е лидер во Премиер лигата со предност од 10 бода пред Манчестер Јунајтед и Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наумовски го запре Силекс, Скопје ја прекина низата порази

Скопје извлече 0-0 против Силекс во Автокоманда и остана во потрага по првата победа. Крат…