Дома Фудбал Додека се решава судбината, Меси се забавува со Суарез?

Додека се решава судбината, Меси се забавува со Суарез?

Лионел Меси е главна тема во светот откако официјално побара од Барселона да го раскине договорот и да си замине од клубот.

Меси одби да ги продолжи тренинзите со Барселона во предсезоната и не се појави на тестирањето, се додека не биде решена неговата иднина.

Неговиот татко овие денови имаше два состаноци со претседателот Бартомеу и последните информации се дека сега се многу поголеми шансите Лео да остане на „Камп Ноу“.

Меси го немаше во јавноста долго време, па конечно е „уловен“ од камерите.

Тој утрото го помина играјќи Падел, популарна игра во Шпанија, заедно со Луис Суарез и Пеп Коста, вработен во клубот и личност на која Аргентинецот максимално верува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…