Дома Фудбал Додека игра на Африкански Куп испратил двојник да му полага испит на универзитет

Додека игра на Африкански Куп испратил двојник да му полага испит на универзитет

Интересна приказна ни доаѓа од Африканскиот Куп на нации, а во центарот на вниманието е египетскиот репрезентативец Мустафа Мохамед.

Играчот на Галатасарај вчера играше во осминафиналето на Африканскиот Куп, но тоа не му попречи да испрати двојник за него да полага испит на универзитет, пренесува „Мундо Депортиво“.

Меѓутоа, вработен во Универзитетот во Каиро, каде што студира Мохамед, приметил дека човекот кој дошол да полага испит не е 24-годишниот фудбалер.

Двојникот признал дека дошол да му „помогне“ на пријател, па сега доколку се утврди дека бил платен за тоа, фудбалерот може да добие кривична пријава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…