
Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓
Сергеј Милинковиќ Савиќ бил непријатно изненаден после враќањето во неговиот дом по натпреварот со Јувентус кој неговиот тим го доби со 3:1.
Савиќ против Јувентус одигра одличен натпревар и со својот гол придонесе за освојувањето на важни три бода. Неговото задоволство било нарушено кога стигнал во својот дом.
Медиумите во Италија пренесуваат Савиќ бил жртва на крадци кои влегле во неговиот дом и украле околу 5.000 евра, како и скапоцени предмети во вредност од 100.000 евра.
„Помеѓу украдените предмети се и часовници од марките Ролекс и Хублот“, пишуваат на Апенините.
Полицијата била веднаш известена, од видео камерите било потврдено дека се работи за три лица, меѓутоа имињата засега не им се познати.