Дома Фудбал Додека Барса ја полнеше мрежата на Реал, крадци го празнеа домот на Бензема

Додека Барса ја полнеше мрежата на Реал, крадци го празнеа домот на Бензема

Францускиот напаѓач Карим Бензема преживеа кошмарна вечер!

Како дополнение на тешкиот пораз од Барселона во полуфиналето од Купот на кралот, крадци му го играбија домот на Бензема.

Шпанските медиуми пренесуваат дека куќата на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, била ограбена за време на вчерашниот дуел против Барселона на „Сантиаго Бернабеу“.

Куќата на Французинот била ограбена некаде околу 22 часот, кога почнуваше второто полувреме на средбата на „Бернабеу”.

Полициската истрага е во тек, па засега не е познато колкава е штетата, но ова е познат „моидус операнди“ на крадците не само во Шпанија, туку и ширум Европа.

Така Кевин Принс Боатенг се соочи со грабеж за време на мечот против Валјадолид, а истото му се случи и на Садио Мане додека играше против Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tuchel: England have levelled up by taking ‘calculated risks’

Having scored 14 goals in their first four Nations League matches, Thomas Tuchel believes …