Дома Фудбал Останато Договорот е постигнат: Монако експресно го враќа човекот кој четири години го водеше клубот

Договорот е постигнат: Монако експресно го враќа човекот кој четири години го водеше клубот

jardim

Тиери Анри вчера беше суспендиран од страна на Монако, а тоа значи дека и ќе биде отпуштен.

Легендарниот Французин не успеа во првата самостојна работа и издржа само три месеци, а Монако под негово водство не се разбуди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 20 натпревари Анри запиша само пет победи, не беше во добар однос со играчите и на крајот раководството одлучи да ја прекине соработката.

Интересно е што на клупата на клубот од Кнежеството ќе се врати Леонардо Жардим. Жардим во октомври доби отказ после очајниот почеток на сезоната, но во Монако одлучиле да му дадат уште една шанса на што тој се согласил.

Жардим одлично го водеше клубот четири години. Го освои првенството во 2017 година, а вкупно како тренер на Монако помина 232 натпревари и запиша 125 победи.

Во овој момент Монако е предпоследен тим во Лига 1 и освоија само 15 бодови на 21 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…