Дома Македонски спорт Мак фудбал Договорено формирање на регионална лига во младинска конкуренција

Договорено формирање на регионална лига во младинска конкуренција

Преставници на седум фудбалски сојузи од Југоисточна Европа, вчера во Загреб, разговарале за формирање на младинска лига во машка и женска конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Загреб позитивно по овој предлог се изјасниле преставниците на Фудбалските сојузи на Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија и Унгарија.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Загреб биле присутни, Зоран Стратев, координаторот за младински категории во ФФМ и Ѓоре Јовановски, претседателот на тренерската комисија во ФФМ.

Присутните се согласиле дека територијата на која живеат околу 30 милиони луѓе има голем развоен потенцијал, а исто така биле договорени неколку клучни параметри за новото натпреварување, кое добило зелено светло и од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …